Нено ја реши „својата“ Валенсија

231
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Ненад Димитриевиќ го покажа сиот свој раскош на вечерашниот натпревар против екипата на Валенсија во рамките на 23-тото коло од Евролигата. Баерн Минхен го доби натпреварот со резултат 97:89. Нашиот репрезентативец беше најдобар асистент во екипата на германскиот гигант со 7 асистенции, а исто така тој забележа и 12 поени и 3 скока. Со оваа победа Баерн се наоѓа на 16-тото место на табелата, додека пак Валенсија падна на 5-тата позиција.

Во останатите натпревари кои се одиграа вечерва, Реал Мадрид ја потврди доминацијата на домашен терен и славеше со 90:78 против екипата на Монако. Милано на домашен терен загуби од Жалгирис со резултат 82:86.

ПретходноБарселона ја откачи НБА: Каталонците уште 10 години во Евролигата
СледноМио и Ренџерс направија сефте, Динамо го растури ФЦСБ