И официјално. Македонскиот Олимписки Комитет денеска ги претстави нашите спортисти кои ќе учествуваат на ЗОИ 2026 во Милано Кортина.
“Патуваме за Италија со четири потврдени олимписки квоти и тим подготвен да даде максимум на снегот. Честа да ги носат националните олимписки обележја ја имаат:
Нордиско трчање:
Ана Цветановска – Спринт и Интервал старт 10 км
Ставре Јада – Спринт и Интервал старт 10 км
Алпско скијање:
Јана Атанасовска – Слалом и Велеслалом
Мирко Лазарески – Слалом и Велеслалом“ објавија од МОК.










