Репрезентативецот Ашковски потпиша за ирански Мес Рафсанјан

117

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски, вториот дел од тековната сеозна ќе го помине во Иран. Тој денеска и официјално беше промовиран во ново засилување за тамошниот прволигаш Мес Рафсанјан, каде доаѓа по една полусезона мината во српската суперлига во дресот на Раднички Ниш.

33-годишниот лев бек има долгогодишно интернационално искуство, но ова ќе му биде прв настап во клуб од овој дел на светот. Во првата полусезона во Раднички имаше 9 настапи во првенството и еден во националниот куп на Србија.

Ашковски долги години е дел од нашата најдобра репрезентација за која има 40 настапи.

ПретходноНорвешка ја доби драмата со Шпанија
СледноКаземиро потврди дека ќе си оди од Манчестер Ј.: „Црвен ѓавол засекогаш!“