Постои сомневање дека некој добро профитирал на денешниот контролен меч во Скопје каде Работнички до чудни 8:2 славеше над Охрид. Невозможно е тим кој е есенски првак, кој сака промоција во елитата да загуби ваков натпревар. Свети црвениот “интегрити” телефон за сомнителни натпревари.
Неофицијално уплатени 70.000 евра (вкупно за конечен исход, прво и второ полувреме), за голови. Натпреварот денешен е во најмала рака контроверзен, но ништо помалку чуден какви што беа неколку во изминатиот период што на наше тло, што на наши екипи кои играа подготвителни мечеви во странство.
За денешното издание на теренот фудбалерите на Охрид и неговото раководство треба да се засрамат. Интегрити да ги засука ракавите и да работи на терен. Натпреварот беше во Скопје и имаше механизми како да се спречи овој циркус.










