У-17:Македонија со два порази на контролите со Турција

95
ФОТО: FFM

Македонската репрезентација до 17 години одигра два контролни натпревари против врсниците на Турција на гостински терен во Анталија. И на двата меча надежите се поразени минимално, со 1:0 и 2:1, кои се одиграа на спортскиот комплекс „Арслан Зеки Демирџи“.

Хусеин Шен во 30. минута беше стрелец на единствениот гол за домашната селекција на првиот натпревар. Јаков Стојковски ја пропушти најдобрата прилика за нашата репрезентација. Папалиски и Џангаровски во второто полувреме, исто така, имаа шанси за погодок, но не реализираа.

Турција до 17 години: Толга Санџак, Хасан Мерт Тунџел (85` Дањал Ташчи), Увејс Јасир Сатик (58` Рамазан Озчелик), Билал Демираг, Ата Јаник (85` Сабри Бурак Билгич), Ефе Сечил (58` Аднан Ефе Фетахоглу), Али Демирбилек (72` Халил Коч), Неджати Огулџан Јанчел, Хусеин Шен (58` Алаеттин Екичи), Емин Ерен Сајар (58` Мустафа Кошкун Тосун), Јагиз Фикри Шен;

Македонија до 17 години: Амин Суљовиќ, Давид Лиотоски (46` Тео Стојчевски), Грегоријан Михајловски, Марко Иванов, Филип Цветковски, Бленди Љачка (78` Самуел Вртковски), Андреј Цветковски (46` Арда Илијазовски), Мартин Џангаровски (90` Павел Миронски), Фадилј Исламовиќ (78` Лука Кнежевиќ), Васко Папалиски (88`Лука Георгиев), Јаков Стојковски (88` Марко Мирчевски);

На возвратниот натпревар, Турција постигна водечки погодок откако судиите не санкционираа очигледен прекршок над нашиот голман Денковски. Марко Иванов имаше добар обид со глава, но одбрани голманот на домаќините. Шанса за Македонија не искористија Мартин Џангаровски во првото полувреме и Арда Иљазовски во продолжението. Головите за турската селекција ги постигнаа Емин Ерен Сајар во 41. минута и Јагиз Фикри Шен во 85. минута, додека Јаков Стојковски во 55. минута го даде голот за Македонија.

Турција до 17 години: Садулах Јигит Кабакушак (46. Емир Гундогду), Хасан Мерт Тунџел, Билал Демираг (46. Увејс Јасир Сатик), Ата Јаник (81. Рамазан Озчелик), Али Демирбилек (75. Мустафа Кошкун Тосун), Халил Коч (46. Ефе Сечил), Неджати Огулџан Јанчел (46. Јагиз Фикри Шен), Ерен Ташкиран, Емин Ерен Сајар (81. Кајра Алтај), Аднан Ефе Фетахоглу (81. Мехмет Демир), Алаеттин Екичи (60. Хусеин Шен)

Македонија до 17 години: Даријан Денковски, Тео Стојчевски (60. Амер Бајрами), Грегоријан Михајловски, Марко Иванов, Филип Цветковски, Бленди Љачка (46. Васко Папалиски), Андреј Цветковски (46. Фадилј Исламовиќ), Мартин Џангаровски, Арда Илијазовски, Марко Мирчевски (46. Самуел Вртковски), Јаков Стојковски (68. Јаков Пресилски)

ПретходноРаботнички со нова +7 победа!
СледноЖдрепката за 1/4 финалето во Купот е закажана за утре!