Јувентус е блиску до потпишување на договор со напаѓачот на Фенербахче, Јусеф Ен-Несири.
Клубовите постигнаа договор за позајмица со 28-годишниот играч за 5 милиони евра. Договорот, исто така, вклучува опција за откуп на играчот за 19 милиони евра плус 3 милиони евра, објави новинарот Јагиз Сабунџуоглу.
Сега тимот од Торино чека одговор од самиот Мароканец, кој се уште не се изјаснил за заминување на Апенините.










