Баже Илијоски во стручниот штаб на Македонија ЃП!

273

Стратегот на “лавовите“ Боби Божиновски вчера доби и тоа какво засилување.Имено во стручниот штаб на Македонија ЃП, од вчера е кооптиран Баже Илијоски, легендата на Работнички. Најтрофејниот фудбалер на клубот од Дебар Маало, некогашниот капитен, веројатно најдобриот фудбалер во историјата на клубот, едноставно иконата на Работнички.

Да потсетиме дека Баже пред неколку сезони му беше асистент на Милан Илиевски во Работнички, како и на Ратко Достаниќ, а потоа беше тренер во младинските екипи на клубот од Ѓорче.

Секако дека е голема работа за прв асистент да го имаш Баже Илијоски. Го знам уште заедно кога игравме во Пелистер, има авторитет, си ја знае својата работа и затоа е тука. Јас сум среќен што кај нас во стручниот штаб дојде едно така големо име во мак – фудбалот“ изјави за СпортСпорт, шефот на струката на Македонија ЃП, Боби Божиновски.

Инаку “лавовите“ тргнаа со подготовките, веќе викендот ќе ја имаат и првата контрола и тоа со Шкупи.

Јасно им е на сите дека Македонија ЃП ја чека тешка пролетна полусезона во ПМФЛ, тимот жестоко ќе се бори за опстанок во елитата.

ПретходноОфицијално: Македонија со четири спортисти на ЗОИ! (ФОТО)
СледноЛШ: Ова е табелата по 7.коло, само Арсенал е максимален(ФОТО)