Барселона ја откачи НБА: Каталонците уште 10 години во Евролигата

53
фото: Barça Basket @FCBbasket (X)

Барселона објави дека потпишала нов 10-годишен договор со Евролигата.

„Управниот одбор се согласи да го одобри продолжувањето на лиценцата на машката кошаркарска екипа во Евролигата за следните 10 сезони. Клубот е еден од основачите на овој турнир. Управниот одбор ја потврдува својата долгогодишна посветеност на учество во најдобрите постоечки натпреварувања“, се вели во соопштението на клубот.

Барселона има богата историја во Евролигата, освојувајќи ја титулата двапати (во 2003 и 2010 година) и постојано натпреварувајќи се на највисокото ниво на европската кошарка. Во последните месеци, бројни извештаи посочуваа дека Барселона ја истражува и можноста за приклучување кон европскиот проект на НБА.

ПретходноДанска се опорави и го доби „финалето пред финалето“ на ЕХФ ЕУРО 2026
СледноНено ја реши „својата“ Валенсија