Германија и го нанесе првиот пораз на Португалија на ЕП

178

Очекувано, главната рунда во Хернинг започна возбудливо. Првиот меч во групата I им припадна на Германците кои ја совладаа Португалија со 32-30 и направија важен исчекор за врвот на табелата во пеколната конкуренција.

Волф имаше 13 одбрани, Шрулоф имаше седум погодоци кај победникот. На другата страна Франциско Кошта имаше десет погодоци.

Во текот на целиот меч видовме бројни промени на водството. Подобро во дуелот влегоа Португалците одржуваа позитива од два гола. По последните 6-8, Германците ги искористија нивните грешки за први плус два 10-8 во 55-та минута. Сепак Салвадор пред истекот на 30-та минута израмни на 11-11.

Првите шест минути од второто полувреме беа во знакот на Португалија која одново дојде до водство од два гола (13-15), но како по некое непишано правило, Германците со серија од 3-0 ја вратија минималната позитива на стартот на 39-та минута (16-15). Ова беше уште една потврда дека ќе гледаме одличен ракомет. На средината на вториот дел со голот на Кнор, условно кажано домаќинот дојде на плус два 21-19. Португалците се обидуваа со седум на шест да се вратат резултатски. Момент кој требаше да го искористат беше црвениот картон на Гола, период во кој Германија остана со двајца играчи помалку на теренот, но ова не се случи.

Во 18 часот на теренот силите ќе ги одмерат Норвешка и Шпанија, додека пак во последниот термин од 20:30 часот е пресметката меѓу Данска и Франција.

ПретходноЛига на ПАРИТЕ: Реал Мадрид со приход од 1,2 милијарди евра за минатата сезона, ова се ТОП 20 клубови!
СледноКК Маџари се пофали со двајца нови кошаркари!(ФОТО)