Екстра засилување: Рубин Стефанов потпиша за Ангели!

168

И тоа какво екстра засилување на тимот на Ангели. Имено раководството на овој клуб успеа да го ангажира Рубин Стефанов, еден од нашите најталентирани кошаркари, актуелен репрезентативец и син на легендарниот Врбица Стефанов.

Младиот Стефанов се враќа во Македонија по две години престој во Италија каде играше за екипата на Унибаскет Ланчано.

Со свој несомнен квалитет јасно е дека ќе биде засилување за тимот на Ангели во продолжение од сезоната во елитната кошаркарска лига на Македонија.

Релациите со Ангели останаа иако најголем дел од својата досегашна кариера Стефанов ја мина надвор од Македонија, но имаше период пред неколку сезони каде го носеше дресот на овој тим.

ПретходноГолем удар за Барса: Педри најмалку еден месец во аут!
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: НИКОЛЧЕ КОЛЕВСКИ ОД НОВАЦИ ОСВОИ МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 1.713.055 ДЕНАРИ