Досегашниот напаѓач на Тиквеш, Иван Ивановски, и официјално кариерата ја продолжува во Јордан. Крилниот играч заминува замина од Македонија и потпиша договор со тимот на Ал Рамтха.
Се работи за екстра клуб за тамошни услови кој што во моментов е втор на табелата, и кој што е на само бод од лидерската позиција.
Некогашниот младински репрезентативец на Македонија по втор пат во кариерата заминува од Македонија, откако своевремено беше дел од босанскиот тим на Звијезда Градачац.










