Каземиро потврди дека ќе си оди од Манчестер Ј.: „Црвен ѓавол засекогаш!“

296

Бразилскиот ветеран Каземиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед по завршувањето на оваа сезона. Англискиот клуб објави дека играчот од средниот ред ќе го напушти тимот на лето откако ќе му истече договорот.

Претходно беше објавено дека договорот би можел автоматски да биде продолжен доколку Бразилецот одигра 35 натпревари како стартер во текот на сезоната. Каземиро се приклучи на Манчестер Јунајтед во 2022 година. Тој одигра 146 натпревари за тимот и постигна 21 гол.

„Треба да знаеш кога фазите завршуваат. Треба да знаеш кога да се збогуваш, кога ќе чувствуваш дека секогаш ќе те паметат и ќе те почитуваат. Остануваат уште четири месеци да дадам сè што имам за овој амблем и за нашиот клуб. Засекогаш ќе имам почит и наклонетост кон Манчестер Јунајтед и неговите прекрасни навивачи. Црвен ѓавол засекогаш“, напиша Каземиро.

ПретходноРепрезентативецот Ашковски потпиша за ирански Мес Рафсанјан
СледноСвети црвено! Големи уплати за дуелот Работнички – Охрид 8:2