КК Маџари се пофали со двајца нови кошаркари!(ФОТО)

113
ФОТО:facebook.com/kkmadzari

КК Маџари и официјално ги промовираше своите две нови имиња, тоа се Американците Тери Армстронг и Томи Луис. Се разбира дека со овие двајца составот на најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната во елитната кошаркарска лига, ќе биде уште поквалитетен.

Армстронг досега во својата кариера има играно за Рогашка од Словенија, Торос де Вале од Колумбија.

Како што информираат од страна на клубот, КК Маџари како домаќин ќе игра во салата „Наум Наумовски – Борче“ во Маџари и тоа почнувајќи од првиот меч, оној во сабота, против шампионот МЗТ Скопје.

Познато е дека во досегашниот дел од сезоната овој клуб беше домаќин во различни сали, сега се враќа дома.

ПретходноГерманија и го нанесе првиот пораз на Португалија на ЕП
СледноЕве како Спалети ги “шамара“ играчите на Јуве! (ВИДЕО)