Уште една потврда дека е вистински лидер: Кузмановски е трет стрелец и најдобар „пеналџија“

428

И официјално групната фаза на Европското првенство е завршена. Македонија овој шампионат го заврши на 14-то место што е најдобро остварување во последните четири настапи на ова натпреварување.

Во Хернинг видовме дека новата генерација чекори по вистинскиот пат, но и дека во тимот има вистински лидер. Филип Кузмановски и на ова натпреварување ја оправда капитенската улога, го предводеше тимот во текот на сите три меча.

Кузмановски е трет стрелец после завршување на групната фаза, има 28 голови, 15 од нив ги постигна против Португалија против која одигравме нерешено. На овој дуел тој го урна рекордот на Кирил Лазаров кога станува збор за Европските првенства.

Нашиот капитен има само еден помалку гол од лидерите, Португалецот Кико Кошта и Грузиецот Цховребадзе кои постигнаа по 29 погодоци на трите средби. Зад Кузмановски се Скипаготу од Фарските Острови со 27 гола, Матијас Гидсел со 25.

Кузмановски е најдобар изведувач на пенали, постигна 12 од исто толку обиди.  Рогановиќ и Тен Фелде имаат 12/13 од седум метри, додека Унгарецот Бенсе и Скипаготу промашија по два пенали.

ПретходноВеспрем веднаш сака да го откупи договорот на Стефан Додиќ
СледноСимеоне: Пласманот меѓу првите 8 повеќе не зависи само од нас