Арсими се пофали со ново засилување пред стартот на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Станува збор за играч кој ќе биде во офанзивата, Ремзифаик Селмани, напаѓач со исклучително искуство и квалитет во домашните и меѓународните првенства.
Реми бил дел од познати клубови како Партизан во Албанија, Лапи во Косово, Ујпешт во Унгарија, кај нас со тимови како Шкендија, Ренова..во редовите на Арсими доаѓа од екипата на Феризај.
„Со нашиот клуб играчот потпиша договор на 1,5 години, и му посакуваме добро здравје и среќа со жолто-црното семејство“, порачаа од дебитантот во ПМФЛ.















