Како што Спортспорт веќе најави утринава, денешниот пријателски дуел помеѓу екипите на Вардар и на полски Лубин поради обилни дождови и силен ветар во Сиде, каде што „црвено – црните“ се на подготовки, нема да се одигра.
Ова требаше да биде трет меч за Вардар во Турција зимава, по дуелите со Јаблонец односно Андијон, но до истиот барем денеска нема да дојде.
Наместо тоа, Вардар во моментов бара солуција, односно терен каде денеска да одработи тренинг.















