Димитриевски се сели во Кратово

248

Силекс се пофали со ново засилување пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Станува збор за 23-годишниот Михаил Димитриевски.

Некогашниот македонскиот младински репрезентативец се сели од Работнички, каде што зимава има егзодус на младински репрезентативци и од каде што веќе си заминаа и Василев и Трајков….

Димитриевски ги покрива крилните позиции во нападот и одбраната од двете страни, во есенската полусезона настапуваше за ФК Работнички.

Во кариерта има настапувано исто така за: Њу Старс, Локомотива, Пехчево и Брегалница. Во Прва МФЛ има досега настапено на 100 натпревари.

ПретходноХрватска е жива! Голема победа против Исланд, сега сè е отворено!
СледноСтартува вториот дел од сезоната во Првата лига мажи