На европскиот ракомете шампионат имаме одлука која што се однесува на дуелот од првото коло во кое репрезентацијата на Германија ја победи Португалија со 32:30. Истата се однесува на контроверзниот гол кој што германците го постигнаа во самиот финиш, кој што се коси реално со правилата. Еден од германските репрезентативци веќе беше пред португалскиот гол во моментот на изведување на топката од центар.
Португалците жестоко реагираа кај судиите по натпреварот, а набрзо ЕХФ се огласи и ја призна грешката. Европската ракометна федерација објасни што се случило.
„Во 59:55, германскиот играч број 54 имаше додавање по португалскиот гол. Проблемот се појави затоа што двајца германски играчи (број 5 и број 23) го преминаа центарот пред свирежот на судијата. После тоа, бројот 23 ја прими топката и постигна гол.“ – стои во соопштението.
ЕХФ потенцира дека правилна одлука во ситуацијата би била, повторување на почетното фрлање, кое според нив нема да го промени поседот на топката.
New rules @RasmusBoysen92 ???
Look how Germany scored the last goal against Portugal. @AndebolPortugal pic.twitter.com/sCZ8uVb7aG— Helder Marques Sousa (@HelderMSousa) January 22, 2026










