И Тетекс го откажа пријателскиот натпревар со Охрид

310
фото: Фк Тетекс Тетово (FB)

По Новаци и Арсими и Тетекс ја откажа планираната пријателска средба со Охрид Лихнидос. Во соопштението до јавноста, тетовци пишуваат:

„ФК Тетекс информира дека одлучи да не го одигра планираниот контролен натпревар со ГФК Охрид, кој е закажан за 28.01.2026 година. Одлуката е донесена по интерна анализа и сериозно разгледување на околностите што во последниот период ја вознемирија фудбалската јавност, а кои се поврзуваат со активности во кои е вклучен ГФК Охрид. Во вакви услови, клубот смета дека не постојат неопходните предуслови за нормална спортска соработка. ФК Тетекс како клуб со јасен став и принципи не може да си дозволи учество во натпревари кои, дури и индиректно, можат да остават простор за сомнеж во регуларноста и спортската етика. Оваа одлука е донесена исклучиво во интерес на заштита на угледот на ФК Тетекс, нашите фудбалери, навивачи и фудбалот во целина“.
ПретходноОмерагиќ во Анталија ги посети и Шкендија и Силекс
СледноАмериканецот Диксон е новото засилување за Гостивар