По се она што се случи вчера, на пријателската средба меѓу Работнички и Охрид (8:2), на која гостите примаа многу лесно голови, а јавноста се шокира, Новаци и Арсими денеска се огласија преку своите социјални мрежи. Имено како што нагласуваат, тие немаат намера да играат пријателски со Охрид и веќе закажаните средби ги откажуваат.
ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ
ЗФК Новаци 2005 – Новаци ја информира јавноста дека го откажува контролниот натпревар закажан за 14.02.2026 година против ГФК Охрид, поради сериозни сомнежи поврзани со регуларноста на неодамнешен натпревар одигран од спротивната страна.
Настаните од изминатите денови, како и информациите што излегоа во јавноста, оставаат простор за оправдана загриженост и ја доведуваат во прашање спортската чесност, која треба да биде основа на секој фудбалски натпревар.
ЗФК Новаци 2005 – Новаци нема намера да биде дел од активности или натпревари кои на кој било начин го компромитираат интегритетот на фудбалот и спортот, ниту пак да дава легитимитет на практики што се спротивни на принципите на фер-плеј и спортски морал.
Во интерес на зачувување на угледот на клубот, нашите играчи, навивачи и пошироката фудбалска јавност, сметаме дека откажувањето на овој контролен натпревар е единствена исправна и одговорна одлука.
ЗФК Новаци 2005 – Новаци ќе продолжи да се залага за чист, чесен и транспарентен фудбал.
Со почит,
ЗФК Новаци 2005 – Новаци










