Хрватските ракометари го отворија второто коло од Европското првенство со победа од 30:29 над Исланд во првиот натпревар од Група II, правејќи голем чекор кон полуфиналето на турнирот.
Пред почетокот на ЕП, Исланд беше прогласен за фаворит за пласман во полуфиналето заедно со Шведска, но денеска се променија овие работи.
Најзаслужен за триумфот на Хрватска, предводена од Исланѓанецот Дагур Сигурдсон од клупата, беше Матео Мараш со седум гола, Срна имаше шест погодоци и беше прогласен за играч на мечот. Омар и Магнусон постигнаа по осум за Исланд.
Во следната рунда, Хрватите ќе играат против Швајцарија, а противник на Исланд ќе биде Шведска.










