Американецот Диксон е новото засилување за Гостивар

37
фото: KK Gostivar (Facebook)

Кошаркарскиот клуб Гостивар донесе ново засилување во пресрет на вториот дел од сезоната во македонската кошаркарска лига. Се работи за 26-годишниот Aмериканец Леонард Диксон. Ова е четврто странско засилување за екипата на Гостивар.

Во својата кариера, Диксон играл во естонската лига во екипата на Кеила Баскет. Ова е многу важно засилување за екипата на Гостивар која во моментов се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во македонскиот шампионат.

Гостивар уште утре ќе се соочи со екипата на Тиквеш и ќе го отвори вториот дел од сезоната во македонската кошаркарска лига.

ПретходноИ Тетекс го откажа пријателскиот натпревар со Охрид
СледноСимеон Христов супер засилување за Скопје