Брера продолжува со напорна работа, дуелот на Силекс против Словачко „виси“ поради врнежите

92

Македонските прволигаши кои се подготвуваат како во Труција, така и во Грција денеска продолжуваат со своите активности.

Вчера тимот на Брера, кој што се наоѓа во Грција, го одигра својот пријателски дуел против тимот на Ксанти, а веќе денеска струмичани продолжуваат активно да се подготвуваат во идеалните услови кои што ги  имаат на морското приморје.

Во исто време, тимот на Силекс кој што пак е во Анталија, Турција, како и тимот на Вардар, Шкендија, Струга ТЛ, има закажно пријателски меч против тимот на Словачко.

Сепак, временските услови во овој дел во моментов се многу лоши, дождот и силниот ветар одложуваат многу мечеви, па Спортспорт во коресподенција со кратовци дознава дека одигрувањето на денешниот меч е крајно неизвесен.

ПретходноЗакариќ: Тренинзите се напорни, но се е во насока на добра вардарова пролетна полусезона
СледноПротестите во Иран однесоа и спортска жртва… убиен голманот на Алуминиум Арак