Уште еден неизвесен натпревар се одигра на Европското првенство во ракомет, овој пат главни актери на теренот беа Унгарија и Швајцарија, кои одиграа без победник 29-29, во првиот меч од главната фаза од ЕП 2026.
Швајцарија имаше голема шанса да дојде до победа, имаа предност од 20-14 на полувреме. По водството од 25-18 следеше целосен пад, Унгарија се разбуди и со серија од 6-0 се избори за неизвесна завршница во која успеа и да поведе, но Швајцарија израмни преку Ромдане за 29-29.
Портнер имаше 12 одбрани на голот на Швајцарија, додека Рубин имаше седум погодоци. Кај Унгарија, Рошта беше стрелец на пет гола, голманот Паласич со 14 интервенции.










