Закариќ: Тренинзите се напорни, но се е во насока на добра вардарова пролетна полусезона

155

Од Сиде, Турција, Огнен Дојчиновски

Македонскиот есенски шампион, тимот на Вардар во моемнтов ги одработува зимските подготовки во Анталија веќе повеќе од десет дена. Распоредот и начинот на работа во Турција е шаблонски нема многу промени, и точно се знае што и како. Тренинг, одмор, натпревар, и се така во круг.

Вардар ја дочека оваа зима како најдобар тим во ПМФЛ шампионатот во моментов што секако е добро да се чуе. Таа репутација треба да се одбрани на пролет, затоа што во моментов за избраниците на Гоце Седлоски, титулата е единствена опција.

Во кампусот во Анталија, еден од капитените на Вардар, искусниот Горан Закариќ знае и тоа како добро што значат правилно одработени зимски подготовки.

„Секако дека овој зимски период што се однесува до тој физичко, тактички дел е доста напорен. Знаеме дека овој период е таков и нема што тука премногу да се дискутира. Знаеме дека сето тоа е во насока на добра подготовка за она што следува, а тоа е пролетниот дел од полусезоната. Тој прв меч против Јаблонец, тоа прво полувреме не беше добро одиграно од наша страна, но мора да сфатиме дека ова е само подготвителен период, „нозете се тешки“ и дека сето тоа е сосема нормално. Не треба да се суди по тој еден меч, по тоа едно полувреме, веќе по три дена го имавме вториот дуел каде сликата беше сосема поинаква“ – вели Закариќ и додава.

„Имаме доста мечеви закажани тука, и со тек на време, тој физички но и тактички дел од работата ќе дојде до израз верувајте. Да секако дека е убаво да се победува и на подготовки, не треба ни да се создава непотребна негативна енергија поради лош меч, но конечно не треба да има никакво опуштање за да не ни се случат некакви несакани високи порази. Наша задача е овде во Анталија да се подготвиме што подобро, и на секаков начин. Свесни сме што не очекува на пролет. Сите сакаат да го победат Вардар, тоа не е новост никаква. Подготвени сме за сетоа тоа“ – потенцира офанзивецот.

Верувам во адекватна замена за Мато

Конечно, Вардар зимава останува без најдобриот стрелец Роџерс Мато кој што направи трансфер.

„Мато доста ни значеше во есенскиот дел од сезоната, но и неговото заминување верувам дека нема да не поремети. Убеден сум во добра адекватна замена обезбедена од нашата управа, а и актуелните играчи секако дека имаат капацитет да направат разлика на терен. Вардар нема да има проблем од таков тип“ – поентира Горан Закариќ.

 

 

 

 

ПретходноВардар денеска со Мотор Лубин, невремето можеби го одложува дуелот!? (ВИДЕО)
СледноБрера продолжува со напорна работа, дуелот на Силекс против Словачко „виси“ поради врнежите