Карлито има нов тренер, тоа е неговиот брат!

49
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, откако убедливо победи против Французинот Корентин Муте со 6:2, 6:4, 6:1. Многумина беа скептични во врска со неговиот настап на првиот Гренд слем во сезоната поради разделбата со долгогодишниот тренер Хуан Карлос Ферер, но засега, сè оди според планот за Алкараз. По новата победа, тој објави дека неговиот брат Алваро ќе биде дел од тренерскиот штаб во иднина.

Алкараз на прес-конференцијата потврди дека неговиот брат Алваро ќе преземе поважна улога и ќе биде клучна фигура покрај Самуел Лопез. „Мојот брат е многу важна личност во мојот личен и професионален живот. Тој носи многу позитивни работи што ми се потребни за да играм подобро на теренот и на турнирите. Сега ќе има поистакната улога покрај Саму“, рече Карлос и додаде:

„Тој знае како работиме и како функционира турнејата и знае многу за тенисот. Понекогаш има мислења и начин на гледање на работите што се многу корисни и за Саму и за мене. Мило ми е што го гледам во ложата, уште повеќе што го гледам како работи зад сцената, а тој многу придонесува.“

ПретходноИнтервју со Јана Атанасовска: Да се биде женско скијач во Македонија значи да градиш пат додека возиш по него
СледноПрекинат мечот Силекс – Словачко во Анталија!