Шведска на крајот и убедливо ја совлада Словенија во последниот натпревар вечерва во рамките на втората фаза на Европското првенство. Словенците водеа во првиот дел, но Швеѓаните на крајот излегоа како победници со 35:31.
Словенија играше одлично во првиот дел и на пауза замина со предност од 15:13. Сепак, еден од ко-организаторите на првенството, во вториот дел ги стабилизира редовите и успеа да дојде до голем пресврт.
Сега во групата 2 од главната рунда на ЕП, Швеѓаните имаат четири бода на врвот, Хрватска, Исланд и Словенија по два бода, а Швајцарија и Унгарија по еден.
Макуц со 8 гола беше лидер во составот на Словенија, додека кај Шведска Сандел постигна 7 гола.










