Кошаркарскиот клуб Гостивар донесе ново засилување во пресрет на вториот дел од сезоната во македонската кошаркарска лига. Се работи за 26-годишниот Aмериканец Леонард Диксон. Ова е четврто странско засилување за екипата на Гостивар.
Во својата кариера, Диксон играл во естонската лига во екипата на Кеила Баскет. Ова е многу важно засилување за екипата на Гостивар која во моментов се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во македонскиот шампионат.
Гостивар уште утре ќе се соочи со екипата на Тиквеш и ќе го отвори вториот дел од сезоната во македонската кошаркарска лига.










