Екипата на Башкими денеска и официјално го потврди трансферот на Португалецот Луис Рибеиро. Тој во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Шкипи, но како што најави „СпортСпорт“ во пролетниот дел од сезоната се сели во Куманово.
24-годишниот офанзивен фудбалер за врска, е најавен како едно од клучните засилувања за Башкими, бидејќи неговите квалитети и искуство се очекува да придонесат за зголемување на офанзивниот квалитет и зајакнување на нападначкиот дел.















