Вардар денеска со Мотор Лубин, невремето можеби го одложува дуелот!? (ВИДЕО)

151

Од Сиде, Турција, Огнен Дојчиновски

 

Македонскиот есенски шампион, тимот на Вардар денеска го има закажано третиот пријателски дуел на подоготквите во Анталија, против полскиот тим на Мотор Лубин.

Избраниците на тренерот Гоце Седлоски досега догираа два дуела, против Јаблонец односно Андијон, а сега на „менито“ е и Мотор.

Сепак, временските услови во Анталија, поточно во местото Сиде во моментов се многу лоши односно врнежите и силниот ветер во последните 24 часа се интензивираа до тој степен, да голем дел од мечевите кои што беа закажани се одложија во рекот на вчерашниот ден.

Само за пример, екипата на Партизан требаше да ја доигра „генералката“ во текот на вчерашниот ден, но и тој меч не се одигра.

Мечот Вардар – Мотор Лубин е закажан за 15:00 часот по македонско време.

http://youtube.com/watch?feature=shared&v=0M2pIu-gLkY

ПретходноЌерката на Денис Родман стана најплатената фудбалерка во светот
СледноЗакариќ: Тренинзите се напорни, но се е во насока на добра вардарова пролетна полусезона