Драма меѓу Унгарија и Швајцарија без победник

66
Фото: Felix Walker

Уште еден неизвесен натпревар се одигра на Европското првенство во ракомет, овој пат главни актери на теренот беа Унгарија и Швајцарија, кои одиграа без победник 29-29, во првиот меч од главната фаза од ЕП 2026.

Швајцарија имаше голема шанса да дојде до победа, имаа предност од 20-14 на полувреме. По водството од 25-18 следеше целосен пад, Унгарија се разбуди и со серија од 6-0 се избори за неизвесна завршница во која успеа и да поведе, но Швајцарија израмни преку Ромдане за 29-29.

Портнер имаше 12 одбрани на голот на Швајцарија, додека Рубин имаше седум погодоци. Кај Унгарија, Рошта беше стрелец на пет гола, голманот Паласич со 14 интервенции.

ПретходноОва се условите кои Клоп му ги поставил на Реал Мадрид!
СледноНеделковски: Преговорите со Хартс се уште траат, се надеваме на позитивен епилог