ЕХФ призна грешка за дуелот Германија – Португалија

1093

На европскиот ракомете шампионат имаме одлука која што се однесува на дуелот од првото коло во кое репрезентацијата на Германија ја победи Португалија со 32:30. Истата се однесува на контроверзниот гол кој што германците го постигнаа во самиот финиш, кој што се коси реално со правилата.  Еден од германските репрезентативци веќе беше пред португалскиот гол во моментот на изведување на топката од центар.

Португалците жестоко реагираа кај судиите по натпреварот, а набрзо ЕХФ се огласи и ја призна грешката. Европската ракометна федерација објасни што се случило.

„Во 59:55, германскиот играч број 54 имаше додавање по португалскиот гол. Проблемот се појави затоа што двајца германски играчи (број 5 и број 23) го преминаа центарот пред свирежот на судијата. После тоа, бројот 23 ја прими топката и постигна гол.“ – стои во соопштението.

ЕХФ потенцира дека правилна одлука во ситуацијата би била,  повторување на почетното фрлање, кое според нив нема да го промени поседот на топката.

ПретходноВрнежите сепак не дозволија фудбал во Сиде… откажан дуелот Вардар – Лубин
СледноОфицијално: Никола Ѓоргиев е нов одбојкар на најдобриот чешки тим