Фудбалерите на Интер ја победија Пиза со 6:2 во првиот натпревар од 17-тото коло на Серија А. „Нероаѕурите“ на тој начин ја зголемија својата предност пред градските ривали во трката за шампионската титула на шест бода, иако со еден натпревар повеќе од тимот на Масимилијано Алегри.
Тимот на Кристијан Киву им подари голеада на навивачите во петокот навечер, но мора да се напомене дека „нероаѕурите“ почнаа да играат дури кога играчите на последнопласираниот тим на табелата ги шокираа и поведоа со 2:0 во 23-тата минута.
Гостите не само што не успеаја да го одржат водството до полувремето, туку губеа и по првите 45 минути – 3:2. До крајот на мечот Интер рутински славеше со преубедливи 6:2.










