Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска во Анталија го посети и македонскиот шампион Шкендија, но и екипата на Силекс.
Тој во работна посета на македонските прволигашки екипи кои што се подготвуваат тука за време на зимската пауза, иамше можност да поразговара и со првите луѓе на тетовските „црно-црвени“, а вечерва оствари средба и со уште еден македонски клун кој се подготвува во ова турско оморалиште очекувајќи го вториот дел од сезоната.
По утринската посета на Тиквеш, попладнево Омерагиќ го посети и кампусот на есенскиот шампион, тимот на Вардар.















