Тимот на Скопје за пролетната полусезона ќе биде посилен за искусниот Симеон Христов.
Досегашниот играч на Македонија ЃП доаѓа на Автокоманда и ќе биде новиот напаѓач со кого ФК Скопје ќе се бори за пласман за највисок пласман и евентуална преселба во ПМФЛ конкуренцијата.
Со ова засилување ФК Скопје дефинитивно се вбројува во оние екипи кои ќе бидат најсериозни кандидати за нов прволигаш.










