Барселона се подготвува да потпише нов договор со Фермин Лопез.
„Диарио Спорт“ објавува дека поради интересот на голем број клубови за играчот од средниот ред, „блауграна“ одлучила да дејствува и организирала состанок со неговите претставници.
Каталонците нудат значително зголемување на платата и двегодишно продолжување на договорот. Сегашниот договор на Фермин важи до летото 2029 година.
Фермин сака да остане и да стане клучен играч во тимот. Останува да се сочека текот на преговорите.










