Јовановски и Деспотовски на 27. Генерално собрание на БВА во Сараево

63

Балканската одбојкарска асоцијација (БВА) утре, во Сараево, БиХ, ќе го одржи своето 27. Генерално собрание, на кое Македонската одбојкарска федерација ќе ја претставуваат претседателот Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски.

Делегатите од федерациите-членки на Асоцијацијата ќе ги разгледуваат извештаите за активностите што ги спроведе БВА во текот на изминатата година, како и комплетниот финансиски извештај за работата.

Една од главните точки на дневниот ред е и дефинирање на календарот за 2026 година како и организацијата на БВА Балканските шампионати 2026 во одбојка и одбојка на песок.

Генералното собрание дава насоки за да се обезбедат навремено планирање и успешна организација на клучните натпреварувања на БВА во престојната година, а истовремено овозможува и размена на мислења како да се засили регионалната соработка и заеднички да планираат идни активности за континуиран развој на одбојката во балканскиот регион.

ПретходноОфицијално: Брера се засили со Леонардо Петровиќ! (ФОТО)
СледноКуп 1/4 финале: Дербито е Струга ТЛ – Шкендија, Вардар домаќин на Охрид