Во тек е Европското првенство во ракомет, веќе стартуваа битките во главната рунда. Секојдневно сме сведоци на неизвесни и квалитетни натпревари, нешто што само континенталното натпреварување може да го понуди од првиот до последен ден, бидејќи конкуренцијата е силна – па изненадувањата и драмите се неминовни.
Од овој шампионат има новитет, судиите на мечот после прегледување на видео-снимката на еден спорен момент имаат за задача да го вклучат микрофон и да ја соопштат конечната одлука.
Токму овој дел е најгледан во досегашните ТВ-преноси, но и единствен момент кога во полните арени наеднаш настапува молк.










