Данска пред 15.000 фанови ја оддува „Фуријата“

236

Данска запиша уште една важна победа во битката за место во полуфиналето на ЕП 2026. Избраниците на Николај Јакобсен во преполната „Јиске Банк Боксен“ Арена ја победија Шпанија со 36:31 и речиси ја оптишаа во битката за медал на Европското првенство.

По оние 16:14 во првиот дел, финалниот удар Данците го зададоа на почетокот на вториот дел во кој полека ја зголемуваа предноста и ги оставија Шпанците без одговор.

Јакобсен со 8 гола беше доминантен во составот на Данците, додека кај Шпанија Фис постигна 9 гола. Извонреден на голот на данска беше Емил Нилсен со 14 одбрани.

Второто коло од групата 1 ќе го заокружат Германија и Норвешка, мечот е закажан со почеток во 20:30 часот.

ПретходноНестор уште во 2.минута ја “тресеше“ Ријека, ама поради повреда предвреме го заврши мечот!
СледноТиквеш подобар од Гостивар, Феникс 2010 без проблеми со Ангели