Ливерпул се врати од 2:0 и на крајот загуби во последната секунда

271
фото: Premier League (X)

Фудбалерите на Ливерпул претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Борнмут со 3:2 во натпреварот од 23. коло во Премиерлигата. Момците на Арне слот одиграа ужасен натпревар во кој не заслужија ни реми, иако го имаа во рака на 30-тина секунди пред истекот на судиското продолжение.

Борнмут покажа одлична игра, тактички го надмудри анемичниот противник и во период од 7 седум минути во првото полувреме дојде до водство од 2:0. Еванилсон погоди во 26. минута за 1:0, а во 33. минута Хименез зголеми и на 2:0. И во двата гола дефанзивата на „црвените“ под команда на Ван Дајк беше очајна.

Ливерпул успеа некако да се врати во живот во судиското продолжение на првиот дел кога Ван Дајк погоди со глава по изведен корнер за 2:1.

Во второро полувреме иако имаше играчна надмоќност, Ливерпул ниту еднаш сериозно не се закани кон домашниот гол. Израмнувањето стигна од слободен удар во 80. минута, кога Салах му намести топка на собослај, а овој погоди за 2:2.

Во судиското надополнување упорните домаќини успеаја да искористат едно одлично уфрлање од аут, во комбинација со ужасната одбрана на Ливерпул, па Адли погоди во истекот на продолжението за конечни 3:2. Седмиот сезонски пораз за Ливерпул веќе утре ќе значи и напуштање на ТОП 4 на табелата, ако Манчестер Јунајтед извлече макар бод со Арсенал, односно ако челзи слави кај К. Палас.

ПретходноТиквеш подобар од Гостивар, Феникс 2010 без проблеми со Ангели
СледноРајковиќ и Тофаш првпат поразени пред своја публика