Голем дел од македонските екипи подготовките на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ ги одработуваат во Анталија. Но, овие денови имаат голем проблем, временските услови не се идеални, поради обилни дождови не можат да ги одиграат пријателските натпревари.
Денеска Пелистер мораше да го откаже дуелот со Железничар. Битолчани не се единствениот тим кој беше принуден да одложи натпревар, вчера Вардар од истата причина не играше против Мотор Л, Силекс против Словачко одигра само 70 минути. За денеска е предвидено пријателски меч да има Тиквеш против Славија Софија.















