Илија Несторовски попладнево го постигна својот петти гол сезонава за Славен Белупо и тоа на гости кај Ријека. Македонецот уште во 2.минута со убав шут со глава му донесе водство на својот тим, но сепак поради повреда мораше предвреме да го напушти теренот. Тоа се случи во 74.минута при резултат 1:1. Во продолжение од средбата Ријека направи пресврт и успеа да дојде до водство од 2:1.На крај овој меч сепак заврши без победник, 2:2.
Дополнително ќе се знае за повредата на македонскиот репрезентативец.










