По серија од 7 победи на домашен терен, без ниту еден пораз, Емил Рајковиќ и неговиот Тофаш вечерва за првпат оваа сезона во турскиот кошаркарски шампионат ја почувствуваа горчината на поразот пред своите навивачи. екипата на Тофаш беше поразена пред своја публика од екипата на Галатасарај со 78:91, што беше воедно и деветтиот пораз за тимот во тековната сезона.
Тофаш сега има дури три порази во последните четири меча во шампионатот што навестува мала криза во редовите на Рајковиќ. Тофаш по денешниот пораз се најде на 8. место на табелата.










