Симфонија во Мелбурн: Ѓоковиќ е првиот тенисер со 400 победи!

306
Фото: US Open/Twitter

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако во Мелбурн го совлада Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп со 3:0 во сетови (6:3, 6:4, 7:6). Натпреварот траеше два часа и 46 минути. Ѓоковиќ е првиот тенисер со 400 победи на Грен слем турнирите

Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога во третиот меѓусебен дуел против Ван де Зандшулп, кој по слабиот почеток заигра нешто подобро, но недоволно за да приреди изненадување во Австралија.

Српскиот тенисер со сигурна игра ги освои првите два сета, додека во третиот мораше да игра тај-брејк, во кој славеше со 7:4.

Во осминафиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Јакуб Меншик и Итан Квин.

ПретходноНевремето во Анталија им прави проблем на македонските екипи
СледноСè е отворено во Хернинг – четири тима со еднакви шанси