Васоски: Ростерот е комплетиран, работиме добро и се подготвуваме за она што следува

127

СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски

Тимот на Силекс стандардно како и поголемиот дел од прволигашите во моментов е во Анталија, Турција, каде што ги одработува зимските базични подготовки.

Кратовци сезонава одлично котираат на ПМФЛ табелата, па сакаат тој курс да го задржат и на пролет. Затоа, овие подготовки се многу важни за нив.

„Да, амбициите на Силекс не се мали нема зошто да криеме. Сакаме напролет да продолжиме добро, како во есенскиот дел, да влеземе во позитивна серија, која што ќе ни донесе што подобар пласман во ПМФЛ шампионат, но и евентуален успех и во Купот на Македонија. Работиме добро, временските услови ете не ни се погодија најмногу но, тоа не не спречува да работиме според планот. Вчера имавме среќа да не го одложиме тест дуелот против Словачко, и одигравме добри седумдесетина минути. Задоволен сум, одиме понатаму“ – вели Александар Васоски, стратегот на Силекс, па додава.

„Со Михаил Димитриевски горе долу го затворивме ростерот за зимава. Имаме по два играча на секоја позиција, што е добро и немаме намера повеќе да се засилуваме“ – додаде Васоски.

ПретходноТрагедија во Тирана…. почина ќерката на Фреди Алварез
СледноСкапо шише вода… Челзи казнет со 150.000 евра