Германците ја „средија“ и Норвешка и останаа прв фаворит за полуфинале

120
фото: FOCUS online (X)

Германските ракометари ја победија Норвешка во Хернинг со 30:28 во третото коло од групата 1 од втората фаза на Европското првенство. На две кола до крајот, Германците се на чело на табелата во оваа неверојатно силна група со сите шест освоени бода.

Германија беше поразена од Србија во првата фаза пред точно седум дена, но оттогаш, овој тим игра беспрекорно. Средбата со Норвешка беше многу тешка за Германците, долго време се играше „гол за гол“, а решавачкиот период беше помеѓу 40-тата и 50-тата минута, кога актуелните олимписки вицешампиони направија серија од 5:0, од ​​21:21 до 26:21 се одвоија од противникот и успеаја да ја зачуваат предноста во последните 10 минути.

Марко Гргиќ го предводеше победничкиот тим со седум гола. Зербе и Гола додадоа по пет.

ПретходноСамо едно сценарио може да го натера Перез да не го ангажира Клоп!
Следно„Арсенал е убедливо најдобриот тим во светот“!