Ниту ветар ниту дожд не го спречува Вардар во Сиде (ФОТО + ВИДЕО)

177

СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски

Нема фудбалер кој што нема да ви каже дека зимските подготовки се лесни. Едноставно така мора да биде. Тренажниот процес во овој дел од сезоната е на такво ниво, да тренинзите се така интензивни, напорни и со згуснат распоред, да се се сведува на работа, одмор, работа….

По таков терк работи и тимот на Вардар кој што во моментов е на своите базични подготовки во Сиде, Турција, а тренерот Гоце Седлоски ниту има намера ниту ќе го намали темпото на силни тренинзи.

Временските услови не се идеални, напротив вчера пријателскиот меч против Мотор Лубин беше откажан поради обилните дождови и силниот ветар, но популарниот Седло со своите пулени одработи тренинг по свој терк.

 

Денешниот ден исто така е проблематичен што се однесува до временските услови, но сепак, Вардар нема намера да застане, напротив, ќе се сработи и денешниот ден според планот и насоката кои се одамна безецирани.

 

ПретходноВториот дел почнува со дерби – Газели и Наковски „дуел“ во „Форца“
СледноШкендија вели: Вебстер не е за продажба