Претседателот на ФФМ беше гостин и на Пелистер во Анталија!

90
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ го посети подготвителниот камп на ФК Пелистер во Анталија, каде што клубот ги реализира зимските подготовки.

За време на посетата беше остварена средба со раководството, стручниот штаб и фудбалерите, при што беа разменети мислења за тековните подготовки и амбициите на клубот.

Ова значи дека Омерагиќ ги посети сите наши клубови кои се подготвуваат во Анталија, со цел изворно да се запознае како тоа се одвиваат подготовките на клубовите.

ПретходноЕдноставно најдобар: Домен Превц е светски првак во ски – летови!
СледноНестор уште во 2.минута ја “тресеше“ Ријека, ама поради повреда предвреме го заврши мечот!