Тиквеш подобар од Гостивар, Феникс 2010 без проблеми со Ангели

49
фото: KK Tikveš - Golden Eagle (FB)

Кошаркарите на Тиквеш со победа над Гостивар од 81:73 ја отворија втората половина од домашниот кошаркарски шампионат. Попладнево во Кавадарци, Тиквеш одигра одличен натпревар и предводен од Глигориевиќ и Хокинс успеа да ја прослави четвртата сезонска победа која го носи над „цртата“.

Глигориевиќ го заврши мечот како најефикасен кај кавадарчани со 25 поени, додека Хокисн имаше 21, со 7 скока и исто толку асистенции. Кај Гостивар, Јован Црниќ заврши како најдобар стрелец со 25 поени, додека новодојдениот Американец Диксон во дебито постигна 12 поени.

Феникс 2010 не се намачи премногу за да дојде до победа над Ангели. Како гости, кошаркарите на Денис Дервишевиќ славеа со 60:99. Одличната колективна игра на гостите донесе дури петмина двоцифрени во составот на Феникс 2010. Од нив најмногу поени на крајот имаше зад името на Грбовиќ (15).

ПретходноДанска пред 15.000 фанови ја оддува „Фуријата“
СледноЛиверпул се врати од 2:0 и на крајот загуби во последната секунда