Тодоровски: Дресот на Вардар самиот по себе мотивира (ВИДЕО)

118

Вардаровата експедиција во Сиде, Турција, вчера требаше да го одигра дуелот против полскиот тим на Мотор Лубин, трет во серијата базични подготовки зимава, но истиот беше откажан поради големите врнежи и силниот ветар што веќе трет ден беснее во овој предел.

Огромен број на мечеви беа одложени, меѓу кој и оној на Вардар, но тренерот Гоце Седлоски инсистираше на дневниот ангажман, преточен во тренинг и меѓусебен дуел.

Еден од оние кои што зимава одлучи да стави параф на нова соработка со Вардар е Димитар Тодоровски.
Екс македонскиот младински репрезентативец е стандарден во тимот ан Вардар, имаше сериозна улога во изминатата сезона, во настапите во Европа, а и во есенскиот дел од тековнава сезона.

„Секако дека не е лесно да се одработуваат два тренинзи дневно, што во сала за кревање товар, што на терен, но секако дека тоа е еден процес на создавање на енергија која што ќе ни го донесе она што го посакуваме напролет. А тоа е победничка серија, до конечен триумф, како во шампионатот, а зошто не и во Купот, и наше крунисување со евентуална двојна круна. Вардар е клуб во кој што тоа треба да е воспоставена норма. Ништо помалку од тоа“ – вели Димитар Тодоровски, па продолжува.

„Секако, не е лесно да се биде дел од клуб кој што сите сакаат да го победат. Клуб чиј што дрес тежи многу, но затоа е и гордоста да се носи толку голема. Мотивот е голем, и тој прави и кога „нозете се тешки“ да се издржат напорите во име на нешто многу вредно“ – вели левоногиот креативец на Вардар.

ПретходноСинер со мака до 1/8 финалето на Австралија Опен
СледноТрагедија во Тирана…. почина ќерката на Фреди Алварез